Шведска го смени својот став за „Северен тек 2“

Властите на Шведска не се противат на користењето на пристаништето Карлсхамн за поставување на гасоводот „Северен тек 2“, изјави шефицата на шведското МНР Маргот Валстром.

Според Валстром, Стокхолм нема против Nord Stream 2 AG „да складира цевки во пристаништето“, пренесува „Взгљад“.

Таа изјави дека владата на Шведска презела низа мерки и искористувањето на пристаништето Карлсхамн од страна на компанијата Nord Stream „ не ги загрозува безбедносните интереси“ на земјата.

На 31 јануари локалните власти на општината Карлсхамн треба да донесат одлука за тоа дали ќе дозволат да се користи пристаништето при поставувањето на гасоводот.

Во понеделникот медиумите соопштија дека Стокхолм ја сменил својата позиција за наведеното прашање, но портпаролот на Министерството за одбрана на Шведска Петер Хултквист изјави дека оценката на владата на земјата останува непроменета.  

Во декември локалните власти на општините Готланд и Карлсхамн изјавија дека ќе се откажат од соработка со „Гаспром“. Беше соопштено дека тие донеле таква одлука разговорите со Стокхолм, иако првично имале намера да соработуваат со Nord Stream.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.