Русија ќе одговори реципрочно ако се попречува емитувањето на РТ во САД

Првиот човек на „Роскомнадзор“ Александар Жаров изјави дека притисокот од страна на американските медиуми врз партнерите на РТ и врз оние кои соработуваат со телевизијата е недопустлив.Доколку американската страна го ограничува емитувањето на каналот, Русија ќе одговори со реципроцитет.

„Американскиот меинстрим се обидува да ги притисне оние кои соработуваат со рускиот канал РТ. Цинично и неморално е од страна на „Вол Стрит Џурнал“ да се обидува да му става сопки на РТ во САД, каде каналот и така редовно се судира со огромен притисок. Во исто време новинарите на „Атлантик“, откако открија дека вестите на РТ се наоѓаат на врвот на пребарувањата на „Гугл“, се јавуваат во „Гугл“ и прашуваат може ли некако да се одвојат вестите на РТ од останатите. Ако таквиот притисок доведе до ограничување на емитувањето на РТ во САД, ние ќе бидеме принудени да преземеме реципрочни мерки“, изјави Жаров за РИА „Новости“.

На крајот на јануари во весникот „Вол Стрит Џурнал“ излезе статија под наслов „На американските оператори им е тешко да го раскинат договорот со телевизискиот канал РТ врз законска основа“, во која детално се наведуваат детали за кабелското и сателитското емитување на РТ во САД.

Истиот ден, друг медиум, „Атлантик“, ја објави колумната „На Кремљовскиот канал добро му оди на пребарувачот „Гугл“. Авторот на материјалот, откако открил дека материјалите на РТ достигаат до врвот на пребарувањата на „Гугл“, испрати барање до таа компанија за можно „филтрирање“ на вестите на ТВ-каналот поради што тие презентираат проруско гледиште.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња