Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков одби да даде оценка за претседателот на САД Доналд Трамп чија политика и однесување низа експерти ја окарактеризираа како непредвидлива, пренесува „Лента.ру“.
„Во наведениов случај не можеме да даваме некакви квалификации за претседателот на САД“, изјави Песков, одговарајќи на прашањето на новинарите да ги сподели неговите впечатоци за новиот американски претседател.
Портпаролот на Кремљ исто така потенцираше дека предвидливоста или непредвидливоста на политиката на Трамп е внатрешна работа на Америка.
„Ние засега поаѓаме од духот на она што беше искажано во текот на неодамнешниот телефонски разговор (меѓи лидерите на Русија и САД), што кај нас предизвикува задоволство“, истакна Песков.
Претходно во вторникот поранешниот службеник на Стејт департментот Набил Хури изјави дека понатамошните чекори на Трамп во надворешната политика може тешко да се предвидат, затоа што тој со никого не се консултира во врска со неговите одлуки и никого претходно не информира. „Никој не знае што може да се случи и какви мисли има во главата на Трмап“, изјави Хури.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче