ДНР и ЛНР апелираат Путин, Трамп и Меркел „да го запрат Порошенко“

Во заедничка изјава на самопрогласените републики се содржи апел да се натера претседателот на Украина Петро Порошенко да ја укине економската блокада на Донбас и да престане со гранатирањата.

Претседателите на Народните совети на самопрогласените Донецка и Луганска Народна Република (ДНР и ЛНР) се обратија до лидерите на Русија, САД и Германија со барање да се натера претседателот на Украина Петро Порошенко да престане со гранатирањето на цивилите во Донбас и да ја укине блокадата на регионот. Соодветната заедничка изјава адресирана до Владимир Путин, Доналд Трамп и Ангела Меркел, се вели на сајтот на „Донецката новинска агенција“.

„Ве молиме да ја запрете Украина и да го натерате Порошенко да ја прекине злосторничката активност против народот на Донбас. Натерајте го Порошенко да престане да стрела по цивилите и да ја укине економската блокада“, се вели во документот. „Тоа мора да се направи пред да биде доцна! Додека на нашата земја не се случила еколошка и хуманитарна катастрофа, спречете голема несреќа!“.

Во своето обраќање претседателите на парламентите на ДНР и ЛНР исто така објавија дека ќе почнат да собираат дополнителни докази за активностите на Украина за влошување на хуманитарната катастрофа и собирање на потписи од жителите на републиките под нивниот заеднички апел до светските лидери, пренесува ТАСС.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња