„Гледаме значително зголемување на воениот потенцијал, но не гледаме непосредна закана“, изјави Столтенберг за Би-Би-Си, пренесува „Взгљад“.
Како што уверува генералниот секретар на НАТО, Алијансата не бара конфронтација со Русија и не сака нова студена војна.
Сепак, минатиот четврток Фондацијата „Потомак“ од Вашингтон и полската фондација „Казимир Пулавски“ организираа на фудбалскиот стадион во Варшава воени игри врз база на компјутерската платформа „Хегемон“ кои симулираа напад на Русија врз Западот. Спонзори на „експериментот“ беа западни воени концерни.
Покрај тоа, минатиот вторник во библиотеката на американскиот Конгрес во Вашингтон се одржа игра на карти, во текот на која се моделираше, како што се тврди, одбрана на балтичките земји од „секаков можен напад“.
Кремљ претходно го предупреди Западот за фразите, дури и за хипотетички напад на Русија врз кого било, нагласувајќи дека тоа се несреќни формулации.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче