Концернот „Калашников“ ќе работи во три смени поради пораст на нарачките

Концернот „Калашников“, дел од корпорацијата „Ростех“, напролет ќе го зголеми бројот на производствениот персонал за 30%.

Покрај зголемувањето на персоналот, концернот ќе премине на режим на работа во три смени поради зголемување на бројот на нарачките за извоз, соопшти генералниот директор на концернот Алексеј Криворучко, пренесува „Взгљад“.

На пример, концернот ќе отвори уште 1,7 илјади работни места, зголемувајќи го бројот на вработени во главните и помошните производствени специјалности на претпријатието за не помалку од 30%.

Планот на концернот треба да се реализира во април годинава.

Кон крајот на 2016 година во концернот работеа околу 6,5 илјади луѓе.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.