Јункер: Времето за укинување на антируските санкции не е дојдено

Шефот на Европската комисија Жан-Клод Јункер по средбата со претседателот на Бугарија Румен Радев изјави дека сѐ уште не е време да се постави прашањето за укинување на санкциите против Русија.

„Не сметам дека имаме меѓу претседателот и Европската комисија големи несогласувања што се однесува до санкциите против Русија. Ние ги донесовме сите одлуки, тие одлуки остануваат во сила. Кога ќе мораме да им се вратиме на тие одлуки, ќе видиме. Но времето за промени не е дојдено“, изјави Јункер, пренесува РТ на руски.

Претседателот на Бугарија Радев изјави дека не гледа практична полза од санкциите на ЕУ против Русија, затоа што „загубите се очигледни“.

Претходно претседателот на Украина Петро Порошенко изјави дека е потребно да се засилат санкциите против Русија доколку нема напредок во реализацијата на „Минската спогодба“ за Донбас. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.