Русија ги преживеа санкциите, пишува колумнистот Кенет Рапоза за „Форбс“. Таа ја преживеа цената на нафтата од 35 долари за барел. И преживеа две години рецесија. Што и да се каже за Владимир Путин, неговиот економски тим успеа да се справи со ситуацијата, и затоа агенцијата „Блек Рок“ (BlackRock) тврди дека Русија е поволно поле за зделки.
„Ако зборуваме за Русија, општото внимание го привлекува геополитика. Но, без оглед на сите негативни мислења за Русија, од економска гледна точка таа зачудува. Ние го покачивме рејтингот на руските акции на ниво „повисоко од пазарот“, вели Херардо Родригез, менаџер за фондови на компанијата „Блек Рок“ во Њујорк.
Оваа година индексот на фондот Market Vectors Russia Small-Cap ETF (RSXJ) се покачи на 8,34%, повторно надминувајќи ги показателите на MSCI Emerging Markets. Овој фонд порасна за 140% последниве 12 месеци и притоа не врши никаква стокова или финансиско-комерцијална активност со Русија.
Русија успеа да ги преживее санкциите воведени во март 2014 година и веќе ништо не стои на патот на инвеститорите, покажуваат податоците на EPFR Global од Кембриџ, од кои се гледа дека последниве две недели во руските хартии од вредност се вложени неколку милиони долари.
Исто така, позитивен сигнал е порастот на индустриското производство во Русија за 3,2% во декември 2016 година, процес кој тече трет месец по ред, додека кварталното БДП останува на нула.
Инвестициската банка „Ренесанс Капитал“ од Москва смета дека доходите на ќе растат и дека Русите повторно ќе почнат да трошат пари. Ако цената на нафтата остане доволно висока, 2017 година ветува дека ќе биде поволна за руските акции.
„Оздравувањето на производството и растот на реалната заработувачка ќе доведат до значителен пораст на економијата на Русија годинава“, истакнуваат аналитичарите на „Ренесанс“. Доколку се склопат коцките, годинава растот на БДП-то во Русија ќе изнесува 1,7%.
„Простете, сенатору Меккејн!“, го завршува својот текст Рапоза, пренесува ИноСМИ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче