Захарова објави конкурс за најдобра карикатура на Џонсон

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова ја коментираше публикацијата во весникот „Дејли Мејл“ за тоа дека британскиот министер за надворешни Борис Џонсон бил бесен кога дознал дека таа е поканета на прием во Долниот дом на британскиот парламент.

На нејзината страница на „Фејсбук“ Захарова објави конкурс за најдобра карикатура на министерот Џонсон.

„Весникот посвети цела страница на оваа витално важна тема. Замислете што ќе се случеше ако отидев... Објавувам конкурс за карикатура на тема „Борис Џонсон се разбесни поради испраќањето покана на Марија Захарова за свечената вечера во Долниот дом“, напиша Захарова, пренесува „Лента.ру“. Таа, исто така, вети дека ќе му даде награда на победникот.

За поканата до Захарова за прием во Долниот дом на Парламентот на Обединетото Кралство соопшти весникот „Дејли Меил“ во неделата, 29 јануари. Организатор на настанот е пратеникот од редовите на Конзервативната партија Даниел Кавчински. На приемот е поканета да присуствува и главниот и одговорен уредник на РТ Маргарита Симоњан.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња