Премиерот на Баварија повика на укинување на антируските санкции годинава

Хорст Зеехофер, премиер на германската покраина Баварија, смета дека антируските санкции треба да бидат укинати годинава.

Премиерот на федералната покраина Баварија Хорст Зеехофер, кој исто така е и партнер на канцеларката Ангела Меркел во владејачката коалиција, смета дека антируските санкции треба да бидат укинати веќе во 2017 година.

„Санкциите против Русија треба да бидат укинати годинава. Русија исто така треба да се врати во кругот на Г-8“, изјави тој за изданието „Билт ам Зонтаг“.

Зеехофер прецизираше дека постојат различни гледишта во однос, на пример, на присоединувањето на Крим кон Русија. Премиерот на Баварија истакна дека е потребен стремеж кон разумни економски односи.

„Јас се залагам за спроведување реална политика наместо ѕвечкање со оружје“, потенцираше тој, пренесува „Комерсант“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња