Поранешен командант на НАТО повикува на соработка со Русија

Поранешниот командант на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа Џејмс Ставридис смета дека Алијансата треба да соработува со Русија „во секоја прилика“.

Поранешниот командант на Здружените вооружени сили на НАТО во Европа Џејмс Ставридис во програмата на радиото „AM 970“ изјави дека Русија претставува перспективен партнер за Сеерноатлантската алијанса „во многу проблематични сфери“, пишува „Хил“.

Ставридис е убеден дека Алијансата треба да се стреми кон соработка со Москва. „Борба против трговијата со дрога, тероризмот и пиратството, заеднички активности на Арктикот, контрола на ширењето на оружјето, научна, трговска и дипломатска соработка – постојат мноштво сфери за соработка“, изјави адмиралот во пензија на ВМС САД.

Сепак, Ставридис смета дека сојузниците треба да ја „задржат будноста“, затоа што руското раководство „веројатно“ ќе се однесува цврсто спрема Алијансата.

„Ако има потреба, ние ќе дадеме отпор, сепак треба да соработуваме со Москва во секоја прилика“, смета поранешниот командант на НАТО. Според него, новата администрација на САД ќе се раководи токму според тој принцип.

Како што пишува „Хил“, Ставридис долго време го сметаа за еден од веројатните кандидати за функцијата државен секретар на САД. Коментирајќи го изборот на Тилерсон, адмиралот високо ги оцени одлуките на американскиот претседател, изјавувајќи дека Тилерсон и министерот за одбрана на САД Џејмс Матис „се запознаени од прва рака со проблематичните региони во светот“, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња