Фицо: ЕУ ќе ги укине санкциите против Русија веднаш по САД

Во случај САД да донесат одлука за укинување на антируските санкции, набрзо тоа ќе го стори и Европската унија, изјави премиерот на Словачка Роберт Фицо, додавајќи дека земјите кои ѝ воведоа санкции на Русија и сега ги продолжуваат, „си даваат автогол“.

Премиерот на Словачка Роберт Фицо ги нарече санкциите „апсолутно бесмислени“ и изјави дека тие им нанесуваат штета на европските интереси, пренесува „Взгљад“.

Фицо исто така потенцираше дека го смета за неопходно да се престане „насилниот извоз во трети земји на идеалите на ЕУ и САД“. Тој ја нарече бесперспективна ликвидацијата на политичките режими со помош на воена сила.

Претходно и други европски политичари повикаа на укинување на санкциите против Русија.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња