Бела куќа:Разговорот меѓу Трамп и Путин е чекор кон подобрување на односите

Разговорот што се одржа во саботата меѓу американскиот и рускиот претседател Доналд Трамп и Владимир Путин беше важен чекор кон подобрување на односите меѓу двете земји, се вели во соопштението на прес-службата на Белата куќа.

Во соопштението се вели дека двајцата лидери се надеваат на брз почеток на заедничката работа по телефонскиот разговор. Приоритет е борбата против меѓународниот тероризам, пренесува „Взгљад“.

„Овој позитивен повик стана важен чекор во подобрувањето на односите меѓу САД и Русија, кои имаат потреба од обнова“, соопштува прес-службата на Белата куќа.

Во саботата вечерта се одржа телефонски разговор меѓу рускиот и американскиот претседател Владимир Путин и Доналд Трамп. По разговорот прес-службата на Кремљ објави дека двете страни разговарале за широк спектар на меѓународни прашања, се договориле да ги развиваат билатералните односи и ја изразиле својата подготвеност да ги координираат активностите во борбата против тероризмот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња