Според Трамп, би било „извонредно“ да се „согласуваме“ со Русија, затоа што од тоа ќе имаат корист и Москва и Вашингтон, пренесува „Взгљад“.
„Заедно одиме и ќе ја растуриме од ќотек“ ИД. Затоа што ИД е е вистинска болест“, изјави Трамп.
Тој рече дека со Русија е потребно „да се согласуваме, како и со останатите“ и дека САД ќе преземат таков обид, иако веројатноста дека тоа ќе биде неуспешно постои, призна Трамп.
Во текот на оваа недела портпаролот на Белата куќа Шон Спајсер изјави дека САД не исклучуваат заеднички антитерористички операции со Русија во Сирија.
Трамп исто така рече дека очекува наскоро разговор со рускиот претседател Владимир Путин и потсети на телефонскиот разговор што се одржа пред инаугурацијата: „Сѐ уште не сме дискутирале, но, колку што се сеќавам, наскоро ќе имаме дискусија со него“.
Претходно беше соопштено дека се очекува Путин и Трамп да одржат телефонски разговор за време на викендот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче