Советничката на претседателот на САД Келиен Конвеј соопшти дека наскоро е можно укинување на санкциите против Русија.
„Сето тоа се наоѓа во процес на разгледување“, изјави таа во петокот во програмата на телевизијата „Фокс Њуз“, одговарајќи на прашање на новинарот.
Од друга страна, портпаролот на шефот на руската држава Дмитриј Песков изјави дека Кремљ не знае колку се точни соопштенијата во медиумите.
„Не, ништо не се знае и, колку што знам, информацијата е обезличена и не знам колку одговара на реалноста“, коментираше Песков, пренесува „Интерфакс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче