Познат руски продуцент: Зошто учествувам во проектот на Вулетиќ

Филмот „Реквием за мисис Џеј“ е во копродукција на четири земји – Србија, Бугарија, Македонија и Русија.

Познати рускиот продуцент Александар Родњански учествуваше во снимањето на филмот „Реквием за мисис Џеј“, кој влезе во програмата „Панорама“ на Берлинскиот филмски фестивал, затоа што „го виде за себе најважното нешто во филмот“ - талентиран автор, светла креативна идеја и актуелен општествен контекст .

Претходно беше објавено дека филмот „Реквием за мисис Џеј“ на српскиот режисер Бојан Вулетиќ со учество на компанијата на рускиот продуцент Александар Родњански влегол во програмата Panorama Special на 67 филмски фестивал во Берлин. Филмот е изработен од страна на четири држави - Србија, Бугарија, Македонија и Русија.

„Реквием за мисис Џеј“ првпат беше претставен на конкурсот за Европски проекти Works in Progress во рамките на Меѓународниот филмски фестивал во Карлови Вари во 2016 година, на кој и победи. Се заинтересирав за проектот откако го видов за мене најважното нешто во филмот - талентиран автор, светла креативна идеја и актуелен општествен контекст“, ги цитира прес-службата зборовите на Родњански.

Продуцентот потенцира дека е особено среќен што премиерата на овој филм ќе се одржи во Берлин, „најдоброто место за почеток на неговиот меѓународен живот“.

„Тоа е црна сатирична комедија, остра и актуелна и која го потврдува триумфот на животот“, изјави Родњански, пренесува РИА „Новости“.

Филмот раскажува за времето на транзицијата и економската криза во Источна Европа. Старото лице на социјализмот исчезнува, системот на вредности се менува што, од своја страна, неизбежно води до криза на идентитетот. Главниот лик на филмот, обичната Србинка (кој ја игра познатата балканска актерка Мирјана Карановиќ), во очај, се решава да изврши самоубиство. Но, нејзиниот план за самоубиство, како што, всушност, и многу други нешта во време на промени, не е така лесно да се спроведе.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња