Сириските вооружени сили на своите страници на социјалните мрежи објавија снимки од кои може да се види учеството на руските хеликоптери Ка-52 во борбите против терористите на истокот на провинцијата Хомс. Притоа во овој случај хеликоптерите служат за наведување на јуришната авијација, пренесува „Взгљад“.
Извор од воените кругови изјави дека станува збор за комбинација на Ка-52 и Су-25. Првите, благодарение на својот нишанско-навигациски систем можат да ги откриваат позициите на терористите и во режим на реално време да ја пренесат таа информација до јуришните авиони Су-25.
Извор е убеден дека овој тандем ги компензира недоволните можности на сириската артилерија која учествува во операцијата кај Палмира и дека ќе обезбеди речиси непрекинати високопрецизни напади врз позициите на „Исламската држава“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче