„Многу ме интересира, на кој начин авторите на „програмата за реинтеграција“ гледаат „механизам за воспоставување на односи со населението на Крим“? Што планираат, на секој жител да му праќаат по три кофи вода, нацрпена од затворениот Северно-Кримски канал? Или, можеби, ќе испратат по еден акумулатор, наполнет со украинска електрична енергија како надомест за прекинот на струјата? А, можеби, „министерот за привремено окупираните територии и внатрешно раселени лица“ – требаше да се измисли таква функција - лично ќе дојде на Крим и ќе почне некого да преселува кон северната граница на полуостровот ?“, коментираше за „Лента.ру“ вицепремиерот на Крим.
Според Полонски, во тој случај тој многу се плаши „за здравјето на таквите преселувачи“. „Затоа што Кримјаните многу брзо сите ќе ги преселат во најблиските пунктови за прва помош со повреди кои се лошо компатибилни со животот на идиоти!“, ветува Полонски.
Претходно во четвртокот украинската влада објави дека подготвува за план за реинтеграција на Крим во состав на државата. Како што изјави украинскиот министер за привремено окупираните територии и внатрешно раселени лица Вадим Черниш, стратегијата предвидува обезбедување на административни услуги за жителите на овие области и можност за образование од далечина. Слична програма, според него, ќе се спроведува во деловите на Донбас кои не се под контрола на Киев.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче