На руските универзитети значително ќе се зголеми бројот на места за странски студенти, соопшти на 25 јануари 2017 година заменик-министерот за образование и наука на РФ Људмила Огородова.
„Донесовме со министерот одлука да ја зголемиме квотата за странски студенти. Побаравме 50 илјади места, тоа е зголемување за околу 30%“, изјави Огородова. За потсетување, во Русија во моментов има 150 илјади места за странски студенти.
Таа истакна дека руските универзитети се подготвени да примат толкав број на странци. Вложувањата во науката и образованието кои државата ги направи последниве години, овозможија да се создадат платформи за студирање на странци во многу универзитети во Русија, како и да се подготват програми на англиски јазик.
Како што истакна заменик-министерот, особено барани меѓу странските студенти се насоките во областа на медицината, инженерингот, фармацијата и информатичките технологии.
Покрај тоа, отсега визата за престој ќе трае во текот на целиот период на студирање. До владата е доставен амандман кој ќе им овозможи на студентите кои се запишуваат на универзитет да не поднесуваат документи за виза во Русија двапати. На тој начин, студентите ќе можат да ја искористат визата што ја добиле како бруцоши.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче