„Парламентни Листи“: Му се заканува ли на Трамп американски Мајдан?

Чешкиот весник „Парламентни Листи“ пишува дека Путин е подготвен да му помогне на Трамп во случај на обид за преврат во САД.

Неколку дена пред инаугурацијата на американскиот претседател, Владимир Путин изјави, делумно како шега, а делумно сериозно, дека силите кои во Киев го подготвуваа Мајданот, т.е. соборувањето од власт на легитимниот претседател Јанукович, веројатно ја научиле лекцијата и дек нешто слично им се заканува денес и на САД, пишува Јиржи Вивадил за чешкиот весник „„Парламентни Листи“.

„Се чини дека овие зборови се кажани случајно, но знаеме дека Путин е одлично информиран. Познато е дека тој го спаси од сигурна смрт претседателот Ердоган, кога во последен момент го предупреди дека треба итно да го напушти хотелот во кој се наоѓаше.  А Обама, од друга страна, без оглед на тоа што дефинитивно бил информиран за плановите на Ѓулен, не се мешаше и не му се јави на Ердоган. Следното утро Обама беше непријатно изненаден: Ердоган е жив. Кога ноќта Ердоган ѝ се јави на Меркел и побара азил, таа не одговори не неговите молби“, пишува аналитичарот.

„Токму тоа е едноставната причина зошто Ердоган, независно од тоа каков е, потполно недвосмислено, па дури и покорно, премина на страната на Путин и ги стави НАТО и ЕУ во втор план.

Би рекол дека и сега Путин знаеше што се подготвува и, како што покажува лавината која се зголемува во САД, овие судири се толку агресивни и масовни, толку отворено ги поддржуваат разни актери и пејачи што, се разбира, во тоа ги има вмешано своите прсти и финансиерот на превратите Сорос, кој вложи во нивна поддршка 100 милиони долари“.

„Необично е да се слушаат сите тие актери и пејачи кои до неодамна во филмовите изгледаа сосем симпатично, а одеднаш се претворија во примитивна банда, полна со омраза, која бара крви повикува на соборување на претседателот.

Но дури и во таква ситуација не треба да се крева паника. Посетата на Трамп на штабот на ЦИА покажа дека обичните агенти го поддржуваат. А и новите министри за одбрана и внатрешни работи стапија на должност. Мислам дека тие имаат сѐ под контрола.

А ако се случи она најлошото, тогаш Путин повторно ќе дојде на помош, кога Трамп ќе лета наоколу во својот „Ер Форс Уан“, барајќи начин како да се спаси“, заклучува чешкиот аналитичар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња