Лавров:Трамп е мајстор за склучување зделки, но и Путин умее да се договори

Шефот на руското МНР Сергеј Лавров, говорејќи во Државната дума на РФ на „владиниот час“, зборуваше за идните односи меѓу Русија и САД.

Според Лавров, Москва нема илузии дека ќе има ново „ресетирање“.

„Ние немаме никакви наивни очекувања. Знаеме дека Трамп го сметаат за мајстор за склучување зделки, но и Владимир Путин умее да се договара – и секогаш во интерес на Русија“, изјави Лавров, пренесува РИА „Новости“.

За воспоставување на соработка со Вашингтон се потребни време и сериозна работа, истакна шефот на руската дипломатија, потенцирајќи дека „дијалогот со САД и ЕУ не може да се гради на друг начин освен врз принципи на рамноправност, заемно почитување и уважување на интересите на другиот“.

Притоа Лавров додаде дека руската страна смета на тоа дека Трамп ќе се придржува до линијата на откажување од мешање во внатрешните работи на другите држави, за што изјавуваше претходно.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња