Кина негира дека распоредила ракети на границата со Русија

Соопштенијата што се проширија на интернет за военото присуство на Кина на границата со Русија се само измислици и претпоставки, изјавија од прес-службата на кинеското МНР.

„Во моментов односите на сестраното стратешко партнерство и соработка меѓу Кина и Русија се одржуваат на високо ниво, стратешката заемна доверба меѓу двете страни постојано се продлабочува, соработката на двете земји во различни сфери се продлабочува. Што се однесува до таканареченото воено присуство – тоа се само измислици и претпоставки кои се објавија на интернет“, се вели во писмениот коментар на МНР Кина.

Ист одговор се содржи и во коментарот на Министерството за одбрана кој го доби РИА „Новости“, во кој соопштенијата што се појавија се нарекуваат шпекулации.

Портпаролот на МНР Кина Хуа Чунјин во средата истакна дека коментарот на руската страна, дека кинеските ракети не претставуваат закана за Русија, го карактеризира високото ниво на доверба меѓу двете земји.

„Ние обрнавме внимание на соодветните соопштенија. Исто така обрнавме внимание на тоа дека руската страна даде многу позитивен, директен и конструктивен одговор. Што се однесува до кинеската страна, ние високо ја оценуваме сегашната состојба на кинеско-руските односи“, изјави Хуа Чунјин.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња