Специјалните служби на САД сметале дека Организацијата на украинските националисти (ОУН) е терористичка, но тоа не им пречело да им помагаат кога започна студената војна. За тоа сведочат архивските документи на ЦИА.
ЦИА пред неколку дена објави околу 13 милиони страници доверливи документи, вклучувајќи и документи за студената војна кои претходно беа достапни на само четири компјутерски терминали во Националната архива во државата Мериленд.
Меѓу објавените документи има и такви кои директно укажуваат на тоа дека американските тајни служби по Втората светска војна ги финансирале припадниците на ОУН во рамките на судирот со СССР. Меѓутоа, не се наведени сумите и називите на банките преку кои се реализирало финансирањето, пренесува РИА „Новости”.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче