На реката Москва се појави „проколнат брод”

Некои корисници на социјалните мрежи признаа дека дури ни по објаснувањето не можеле да сфатат што всушност се наоѓа на фотографијата од реката Москва.

„Проколнат брод“ беше фотографиран на реката Москва на подрачјето на Пушкинскиот кеј. Необичната фотографија од Андреевскиот мост ја објави корисникот MattKat на сајтот „Пикабу“ (Pikabu).

На фотографијата јасно се гледа силуета на брод, и покрај тоа што на реката во тој момент немало никакви пловила. Објектот се појавил на фотографијата исклучително како резултат на оптичка илузија и игра на светлината и сенките.

Корабль-призрак
Как-то прогуливаясь по Пушкинской набережной залип на вот этот неопознанный плавающий объект. Наверное минуты две всматривался, не мог понять, что это за странное судно.. оказалось просто тень) Автор: MattKat

„Додека шетав по Пушкинскиот кеј налетав на овој неидентификуван пловечки објект. Сигурно две-три минути се загледував, не можев да сфатам каков е тој чуден брод... се покажа дека е само сенка“, напиша MattKat.

Авторот на фотографијата напиша дека „пловечкиот објект“ се формирал на делот од Андреевскиот мост каде не допирале сончевите зраци, пренесува порталот „Риамо“.

Некои корисници на социјалните мрежи признаа дека дури ни по објаснувањето не можеле да сфатат што всушност се наоѓа на фотографијата од реката Москва.

„Оваа снимка е одговор на сите фотографии и видеа од уфолозите, ловците на духови и другите впечатливи Молдери и Скали (од серијата „Досиејата Икс – заб. на прев.)“, смета корисникот Супербос (superboss).

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња