„Лајф“: Има ли шанси Марин ле Пен?

Рускиот писател и публицист Дмитриј Лекух за порталот „Лајф“ (Life) пишува зошто Марин Ле Пен ги има сите шанси да стане претседател на Франција.

„Марин Ле Пен, која во Франција одамна веќе не ја сметаат за „маргинален политичар“ и која очигледно претендира ако не на претседателската фотелја на Петтата Република, барем на влегување во вториот круг на гласање, деновиве даде едно многу интересно интервју за германскиот весник „Билт“, пишува Дмитриј Лекух.

„Во него таа не само што детално го изложи својот план за акција, но, исто така, покажа мошне интересна еволуција на ставовите“, смета рускиот писател. Тој додава дека Ле Пен одлучила да докаже дека таа не е „невозможен избор“, како што долго време ја сметаат. Неочекуваната победа на Доналд Трамп на изборите во САД ѝ влеа дополнителна самодоверба.

Акциониот план што го изнесе Ле Пен, според Лекух, е многу помалку радикален и е многу пореален од нејзините претходни ставови.

„Пред сѐ, Марин повеќе не инсистира на неодложно излегување на Франција од ЕУ, иако и понатаму го смета тоа за нејзина главна цел. Сепак, таа сега предлага најпрвин „едноставно да се преиспитаат овластувањата“.

Затоа што, како што констатира лидерот на француската десница, „Европската унија е мртва, но таа сѐ уште не знае, таа доживеа неуспех на сите фронтови: на економскиот, покажувајќи премногу бавен раст, на социјалниот, затоа што сиромаштијата се зголемува, додека стапката на невработеност е на премногу високо ниво“. Но, пред сѐ, според мислењето на Ле Пен, Европската унија претрпе крах во сферата на безбедноста, затоа што едноставно не е во состојба да ги заштити своите граници и не може да биде да ја одбрани Европа од исламскиот тероризам.

Ла Пен смета дека изборот на Трамп за претседател е „крај на стариот свет“, на светот „кој се раководеше според пазарот, светот во кој народите требаше да бидат принесени како жртва на неолиберализмот и да исчезнат“. Авторот на текстот смета дека е навистина очигледно дека изборот на Трамп е еден од симптомите на откажување од трендот на постепен премин на овластувањата на државните структури и демократските институции кон принципите на корпоративното управување.

Марин Ле Пен од Европската унија бара да ѝ ја врати независноста на Франција во однос на четири прашања: границите, валута, економијата и правото.

Авторот на текстот додава дека Марин Ле Пен не е осамена во Европа -  тука се и „Алтернатива за Германија“, италијанската „Северна Лига“, холандската „Партија на слободата“. Тој смета дека овие партии, иако тие имаат мали шанси во системот на ЕУ, имаат барем сила да ја разнишаат оваа структура, па дури и да ја растурат.

Марин Ле Пен го исполни вакуумот кој одамна се појави во европската политика и таа има шанса за успех, бидејќи нејзините забелешки се аргументирани, разумни, а таа ги изнесува на достоинствен и конзервативен начин, смета Лекух.

Затоа авторот на текстот нема да биде изненаден од нејзината победа, ниту пак од трансформацијата на ЕУ во лабава конфедерација, затоа што, како што тврди тој, живееме во мошне интересни времиња.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња