Кремљ реагира на распоредувањето кинески ракети на руската граница

Москва не чувствува никаква закана поради распоредувањето на Кина на балистички ракети во провинција која граничи со Русија, изјави портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков.

„Сите активности на планот на развој на Вооружените сили на Кина, доколку таа информација одговара на реалноста, тогаш, во крајна мера, не ја доживуваме воената изградба во Кина како закана за нашата земја“, изјави портпаролот на шефот на руската држава, пренесува „Лента.ру“.

Песков истакна дека за Русија ги цени односите со Кина, која претставува „наш стратешки сојузник, наш партнер и на политички, и на трговско-економски план“.

Во вторникот шефот на комитетот на Советот на Федерација за меѓународни работи Константин Косачов апелираше да не се создава непотребна загриженост поради информацијата за распоредените ракети. Тој потенцираше дека соработката меѓу Москва и Пекинг е на високо ниво без преседан.

Претходно на 23 јануари „Глобал Тајмс“ соопшти дека Кина распоредила интерконтинентални балистички ракети „Донгфенг-41“ (Dongfeng-41) во североисточната провинција Хејлунгџанг која граничи со Русија. Некои медиуми сметаат дека повод за распоредувањето на овие ракети се сепак „провокативните изјави“ на новиот американски претседател Доналд Трамп за Кина.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.