Хотел во Дубаи: Руските модели и нивните селфија ни го расипуваат имиџот

„Не сакаме нашиот хотел да се наведува како локација на фотографии со полуголи девојки во еротски пози“, се жали еден претставник на елитен хотел во Дубаи.

Луксузниот хотел со пет ѕвездички Валдорф Асторија Дубаи Палм Џумеира (The Waldorf Astoria Dubai Palm Jumeirah) се жали дека селфијата на „Инстаграм“ на скудно облечени супермодели од Русија го нарушуваат неговиот углед како хотел за семеен одмор.

Администрацијата на хотелот во кој едно ноќевање чини најмалку 1000 долари планира на гостинките кои сакаат да се пофалат со својата фигура на фотографии да им забрани да го употребуваат името на хотелот во хаштаговите или да ја прикажуваат локацијата на хотелот кога ги објавуваат своите фотографии на социјалните мрежи, пишува британски „Дејли Меил“.

Негодувањето на хотелот ги помина сите граници кога група руски манекенки одржа во хотелот фото-сесија за брендот на дизајнерката Ана Чибисова D'AngelAnn. Во проектот учествуваа манекенката и водителка Викторија Боња, актерката Ана Калашникова и телевизиската ѕвезда Аљона Шишкова. Во хотелот сакаат да се фотографираат и други руски манекенки и ѕвезди.

„Ова е арапска земја. Примивме голем број поплаки од семејства со деца“, се лути претставникот на хотелот. „Не сакаме нашиот хотел да се наведува како локација на фотографии со полуголи девојки во еротски пози. Нека наведат само Дубаи“.

Хотелот има своја плажа, поглед на морето од собите и ексклузивен ресторан. Гостите исто така можат да ги користат и двата базена за возрасни, еден детски базен и спа-центар.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња