Децата ќе учат руски со помош на ликови од рускиот цртан филм „Смешарики“

Министерството за образование и наука и Институтот за руски јазик „А.С. Пушкин“ разработуваат интерактивни едукативни игри за деца и тинејџери кои го изучуваат рускиот јазик, изјави за РТ на руски ректорот на институтот Маргарита Русецкаја. Една од иницијативите и креирање игри според мотивите на познатиот анимиран филм „Смешарики“.

Министерството за образование и наука на РФ и Институтот за руски јазик „А.С. Пушкин“ во рамките на програмата „Руски јазик“ разработуваат интерактивна игра за мобилни уреди која ќе им помогне на деца кои не зборуваат руски да го научат рускиот јазик, пренесува РТ на руски.

Министерството за образование и наука неодамна објави оглас за доделување грант за спроведување на програмата „Руски јазик“. Според огласот, подносителот на барањето за грант треба да направи најмалку десет интерактивни игри кои ќе им помогнат на странски деца полесно да ги совладаат тешкотиите на рускиот јазик.

Според ректорот на Институтот за руски јазик „А.С. Пушкин“ Маргарита Русецкаја, разработката на една од таквите игри се наоѓа во финална фаза.

Играта претставува „виртуелен 3Д-свет на рускиот јазик“ и е во вид на потрага. Детето, кога ќе влезе во играта, ќе може најпрвин да го провери своето ниво на знаење на рускиот јазик, а потоа да одбере програма која го интересира: јазик, литература или, на пример, култура.

Сценариото на оваа голема интерактивна игра се состои од околу 30 помали игри кои се поделени по нивоа по тежина и интереси, истакнува Русецкаја.

Во играта ќе се користат ликови од советските и руски анимирани филмови: Чебурашка, Зајакот и Волкот од „Ну, погоди!“ и Маша и Мечокт.

Презентацијата на играта е планирана за 21 февруари – Меѓународниот ден на мајчиниот јазик.

Паралелно со ова Институтот за руски јазик работи и на уште една забавно-едукативна платформа – „Школа за руски јазик како странски во анимирани филмови“. Таа предвидува цел курс на посебни лекции, каде како учители настапуваат смешариките (смешните балони) – Лосјаш, Совуња, Јожик и други.

„Ги зедовме „Смешарики“, затоа што се препознатливи ширум светот, и ги правиме првите лекции по руски јазик. Во оваа игра ќе бидат вклучени делови од анимираниот филм за да може да се научи како правилно да се разбираат различните фрази и идиоми кои се користат за збогатување на вокабуларот“, објасни Русецкаја.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.