Романо Проди повика да се укинат антируските санкции пред САД

Познатиот европски политичар Романо Проди повика ЕУ да ги укине антируските санкции пред да го сторат тоа САД.

Поранешниот претседател на Европската комисија и поранешен премиер на Италија Романо Проди ги повика Европејците итно да ги укинат антируските санкции, без да чекаат прв да го стори тоа новиот претседател на САД Доналд Трамп.

„Ми се чини дека ЕУ апсолутно не реагираше на изјавите на Трамп кои означуваат револуција во односите со ЕУ. Ме изненадува што никој не информираше за итната потреба од вонредна средба на највисоко ниво. Сепак, мислам дека е потребно итно да се реагира. Згора на тоа, треба да се организира „контраманевар“ за санкциите против Русија“, изјави познатиот европски политичар во интервју за италијанскиот весник „Ла Стампа“.

„Потребно е итно да се укинати санкциите против Русија. Длабоко сум убеден во тоа. Може да се принесуваат жртви во име на солидарна политика, но ако повеќе нема солидарност, не треба да се биде тврдоглав. Ајде да бидеме побрзи, да не ѝ ја оставиме на САД привилегираната улога во односите со Русија“, објасни Проди, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.