Песков: Наскоро телефонски разговор меѓу Путин и Трамп

Портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков соопшти дека телефонскиот разговор меѓу Путин и Трамп се договара.

Портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков соопшти дека разговорот меѓу претседателите на Русија и на САД, Владимир Путин и Доналд Трамп, сѐ уште не е одржан, пренесува „Лента.ру“.

„Телефонскиот повик се договара. Засега немаме некаква целосна информација, но навистина очекуваме во најскоро време датумот на таквиот евентуален телефонски разговор да бидат договорени. Тоа засега сѐ уште не се случило“, изјави Песков.

Според него, подготовката за разговорот меѓу двајцата лидери се врши по линија на дипломатскиот ресор. „По линија на МНР се врши доволно стандардна процедура за иницирање на таков телефонски разговор. Некакви особени контакти тука нема и не може да има“, рече Песков.

Притоа рано е да се зборува за лична средба меѓу Путин и Трамп, соопшти портпаролот на Кремљ. За нејзиниот формат исто така не е дискутирано. „Тоа засега не е дискутирано. Ако шефовите на државите сметаат дека е соодветно да се дефинира можноста за средба, тогаш да, тогаш ќе има подготовка“, додаде Песков.

На 21 јануари Песков изјави дека Путин ќе му се јави на Трамп и ќе му го честита стапувањето на должност наредниве денови. „На еден или друг начин шефовите на државите ќе се сретнат“, изјави тој во интервју за „Вести во сабота“.  На прашањето дали е потребен протокол во тој случај, за поврзување на рускиот претседател со американскиот, Песков одговори потврдно.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња