Јaпонија загрижена поради јакнењето на Русија на Курилите

Премиерот на Јапонија Шинзо Абе изјави дека во текот на преговорите со претседателот на Русија Владимир Путин во декември изразил жалење во врска со засилувањето на руското воено присуство на Јужните Курили.

Одговарајќи на пратенички прашања во јапонскиот парламент, Абе изјави дека не може да ја открие содржината на неговиот разговор со шефот на руската држава, пренесува „Взгљад“.

Притоа Абе изјави дека Токио се залага за продолжување на преговорите со Русија за заедничка економска активност на четирите Курилски острови и за изградба на економски проекти кои ќе им бидат од полза на двете страни.

Во јануари Абе изјави за важноста на дискутираниот со Путин „специјален систем“ за реализација на заедничка активност на сите јужни Курилски острови. Тој исто така зборуваше дека заедничката стопанска дејност на Русија и Јапонија на јужните Курили „ќе биде голем плус“ во прашањето за склучување мировен договор меѓу двете земји.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња