Извозот се зголеми како резултат на проширувањето на испораките на жито, растително масло и риба. Исто така, активно се шират пазарите за земјоделски производи. Меѓу најголемите трговски партнери на Русија остануваат Кина, Турција, Египет и Северна Африка.
Министерот Ткачев, исто така, раскажа за средбата на министрите за земјоделство на Г-20 во Берлин, која се одржа во рамките на меѓународниот саем „Зелена недела“, каде што руските официјални лица не одат втора година по ред. „Намалувањето на руското присуство на трговските настани, како што е „Зелената недела“, може, пред сè, да се објасни со ситуација која настани поради наметнувањето на санкциите. Но, тоа не значи дека сме застанале да ги извезуваме нашите производи или тие престанаа да бидат интересни за потрошувачите во други земји“, изјави министерот. „Сѐ уште испорачуваме во Германија житни култури, вклучувајќи пченица, пченка, хелда, иако не во такви количини како, да речеме, на Блискиот Исток. Исто така, извезуваме и чоколадо и кондиторски производи, грав, грашок и други стоки“.
Министерот, исто така, соопшти дека во Декларацијата од самитот на министрите за земјоделство на Г-20 е поддржан предлогот на Русија за ограничување на употребата на антибиотици во ветеринарната медицина. „Русија отсекогаш се залагала за одговорна и рационална употреба на антибиотици во одгледувањето на добиток. Често антибиотиците се користат како стимулатори за раст, на што ние повеќе пати им укажувавме на нашите странски колеги. Сега задачата на земјите од Г-20 е да ја зајакнат контролата и да преземат мерки за да се ограничи оваа практика“, изјави министерот Ткачев, пренесува „Интерфакс“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче