Русија не преговара за изградба на бази во Либија

Русија не преговара со либиските власти за изградба на воени бази во Либија, соопшти Виктор Озеров, претседател на комитетот за одбрана на и безбедност на Советот на Федерацијата на РФ.

Русија не разгледува со Либија изградба на воени бази на нејзина територија, изјави за РИА „Новости“ претседателот на комитетот на Советот на Федерацијата на РФ за одбрана и безбедност Виктор Озеров.

Претходно швајцарскиот весник „Ној Цирхер Цајтунг“ напиша повикувајќи на медиуми од Италија и од земји од Персискиот залив дека либискиот лидер потпишал спогодба во која се зборува за плановите на Русија да изгради две воени бази во Тобрук и Бенгази.

„Такви преговори не се водат“, изјави Озеров.

Истовремено сенаторот потенцира дека поморската база во сириски Тартус може да послужи како пример за тоа дека воено-поморската соработка меѓу државите може да биде „насочена не против некого, ами напротив, за некого“.

„Воено-поморската флота на Русија може да игра своевидна миротворечка улога во Медитеранот, базите можат да се искористат за помош во борбата против морските пирати, за заштита на државните граници“, изјави Озеров.

Москва и Дамаск на 18 јануари потпишаа договор за проширување и модернизација на пунктот за логистика на ВМФ Русија во сириски Тартус. Договорот важи 49 години и автоматски се продолжува наредните 25 години.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.