Медиум: Русија би ја победила Велика Британија за еден ден

Единствената преостаната борбена единица на британската армија може да биде целосно уништена во еден ден „од таков компетентен непријател како што е Русија“. Тоа се должи на намалувањето на финансирањето, пишува „Дејли Меил“ повикувајќи се на извештај на експертите на Центарот за историска анализа и проучување на конфликти (CHACR).

Во извештајот на CHACR се вели дека кратењето на воениот буџет на земјата води кон неминовно исцрпување на армијата, пишува „Дејли Меил“.

Авторите на извештајот признаваат дека на Велика Британија не ѝ се заканува непосредна опасност од директен напад, меѓутоа истакнуваат дека земјата може да се најде вовлечена во конфликт во случај на агресија врз британските сојузници или земји кои имаат стратешка важност за Лондон.

„Дали е британската армија подготвена за тоа?“, се праушваат авторите на извештајот.

Претходно во неделата се појави информација на „Сандеј Тајмс“ дека властите на Велика Британија го затаиле фактот за неуспешното лансирање на ракетата „Тридент II Д5“ (Trident II D5) кое било реализирано од британската подморница „Венџанс“ (Vengeance) во близина на брегот на американската држава Флорида во јуни 2016 година. Беше соопштено дека тоа е единственото тестирање на ракета „Тридент“ кое Велика Британија го спровела последниве четири години, пренесува „Взгљад“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња