Портпаролот на претседателот на Русија Дмитриј Песков смета дека е голема грешка да се смета дека новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп е „наш“ човек.
Ова тој го изјави во интервју за емисијата „Вести во сабота со Сергеј Бриљов“, од кое дел беше прикажан денеска.
„Тоа не е наш човек, тоа е американски човек. Тоа е претседателот на Соединетите Американски Држави. Веројатно, најголемата грешка на западните аналитичари, на некои наши политиколози е да сметаат дека тоа е наш човек“, изјави Песков, пренесува ТАСС.
Претходно Песков, одговарајќи на прашање за понатамошниот развој на руско-американските односи, изрази надеж дека Владимир Путин и новоизбраниот претседатал на САД ќе воспостават добри односи.
„Господинот Трамп зборуваше за подготвеноста да води дијалог... тоа е веќе она за кое вреди да се надеваме и она, што ќе ни помогне да бараме излез од многуте сложени ситуации“, изјави портпаролот, пренесува „Комерсант“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче