На небото над Вашингтон се појавија „Соединети руски држави“

Во текот на прославата во чест на претстојната инаугурација на Доналд Трамп за претседател на САД, на небото над Вашингтон имаше огномет во кој се појави кратенката USR наместо USA. Американците на социјалните мрежи веќе пишуваат дека „Русите го хакираа огнометот“ во чест на инаугурацијата, затоа што таа кратенка ја дешифрираа како United States of Russia (Соединети руски држави).

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп во четвртокот учествуваше на манифестациите во чест на неговата инаугурација. Вечерта тој говореше на концерт пред Меморијалот на Линколн, по што почна огномет.

Според замислата на организаторите, огнометот на небото над Вашингтон требаше да биде со буквите USA (Соединети американски држави). Меѓутоа, кратенката излезе малку поинаква – USR, пренесува Мк.ру.

 

Сето тоа предизвика бурна расправа на социјалните мрежи. Така, еден корисник напиша дека очигледно „Русите го хакираа“ веќе и претседателскиот огномет, затоа што таа кратенка може да се дешифрира и како United States of Russia (Соединети руски држави). Идејата ја прифати друг блогер, додавајќи дека на тој начин Трамп ги покажал своите планови во однос на САД.

 

Друг корисник на „Твитер“ напиша дека на Американците ќе им треба вотка во иднина.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња