Компанијата „Гресо“ (Gresso), специјализирана за производство на луксузни телефони, претстави колекција на гаџети посветени на Руската православна црква, изјави претставникот на прес-службата на брендот за „Лента.ру“.
Новата линија телефони е по повод празникот Водици. Телото на смартфоните е покриен со суво злато. На задната страна на гаџетот е изгравиран христијански крст и натпис „Спаси и чувај“. Цената на смартфонот со златни копчиња изнесува околу 5900 евра, а со дијамантски – 23,5 илјади евра.
„Гресо“ е производител на телефони и додатоци од луксузна класа. Компанијата е основана во 2004 година.
Во ноември 2016 година марката најави излегување на специјална колекција телефони за пратениците на Државната дума. Карактеристика на серијата е инсталираниот телефонски именик со броевите на партиите, комитетите, и управите на долниот дом на парламентот, телефонските броеви на секој од 450 пратеници, како и телефоните на членовите на Советот на Федерацијата и другите државни институции.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче