Браудер: Укинување на санкциите против Русија туку-така би било катастрофа

Доколку актуелното американско раководство ги укине постојните економски санкции без да добие какви било отстапки од Москва, тоа ќе биде „апсолутна катастрофа“, изјави претприемачот Вилијам Браудер во интервју за Си-Би-Ес Њуз, додавајќи дека Америка тешко може да воспостави партнерски односи со руските власти, затоа што Русија за САД претставува противник.

„Русите на воведувањето на американските санкции генерално реагираат своеволно. Ниту еднаш не забележав дека не презедоа никакви возвратни мерки. Затоа фактот дека на последните два пакета санкции не одговорија, сведочи за тоа дека очекуваат некаков подарок од новоизбраниот американски  претседател. А во случај да не добијат подарок, сигурно е дека ќе одговорат, тоа е нивната природа“, изјави Вилијам Браудер, генерален менаџер на Hermitage Capital Management во интервју за Си-Би-Ес Њуз.

„Русите, всушност, не сакаат да направат никакви отстапки во замена за санкциите. Во исто време, Доналд Трамп не може да си дозволи да биде губитник, укинувајќи ги санкциите туку-така“, изјави тој, истакнувајќи ги своите сомнежи дека воопшто ќе има некаква размена.

Јас немам пристап до извештаите на разузнавачките служби, но како и сите други, имам до „ВикиЛикс“. Таму се објавени еден куп информации за Хилари Клинтон, а ниту една за Доналд Трамп. Русите јасно ставија до знаење дека не сакаат да победи на изборите Хилари Клинтон, затоа мислам дека може да се претпостави, како што нѐ известија специјалните служби, дека Русија одигра... Русија имаше свој фаворит. Тие сакаа да биде избран Трамп и тој беше избран, а во мрежата протекоа многу информации од компјутерите на Националниот комитет на Демократската партија.

Досиејата не беа потврдени, така што единствената опција да се влијае на моменталната ситуација е ако некоја информација се докаже. Во случај на докази дека досието е лажно, тоа воопшто нема да влијае на односите. Ако, сепак, се докаже нешто, ефектот врз односите ќе биде многу силен“, изјави Браудер, пренесува РТ на руски.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња