„Го повикувам Трамп да не заборави зошто го избраа толку луѓе“, пишува претседателката на фракцијата на левите во Бундестагот Сара Вагенкнехт во статијата објавена во германскиот весник „Ди Велт“. Причината за тоа таа ја гледа не во тоа што американските избирачи се согласуваат во сѐ со Трамп или го сметаат за премногу умен, туку во уморот од естаблишментот претставуван од Хилари Клинтон.
Граѓаните помлади од 30 години во САД денеска заработуваат во просек 20% помалку отколку луѓето на нивна возраст во доцните 80-ти, а нивните заштеди се намалени најмалку два пати. Американците гласаа против таа политика, но поради недостаток на други опции, од кои една можеше да биде Берни Сандерс, тие ги насочија своите надежи кон Доналд Трамп, вели Вагенкнехт.
Сепак, Трамп го очекуваат предизвици не само во внатрешната политика, туку и во надворешната. Сега е моментот САД да ја променат својата надворешна политика, затоа што резултатот од претходната политика е познат: поради неа Блискиот Исток се претвори во жариште на тензии.
„Таму, каде што претходните светски режими управуваа со повеќе или помалку стабилните држави, денеска се шират исламистички терористички групи, војни и граѓански војни принудуваат милиони луѓе да станат бегалци. Трамп има шанса да го смени тој курс“.
Тоа исто така, според Вагенкнехт, значи и потреба од подобрување на односите со Русија. Како врховен командант на најголемата воена сила на планетата и како човек кој во иднина ќе може да носи одлуки за примена на нуклеарното оружје, Трамп треба да покаже висок степен на свесност – особено во надворешната политика. Вагенкнехт изразува надеж дека Трамп ќе ја сознае својата одговорност за мирот во целиот свет, пренесува РТ на руски.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче