Вршејќи целосна блокада на Донбас, Киев всушност самиот се откажува од тој регион, изјави портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков.
Тој истакна дека Москва на сите начини се обидува да помогне во решавањето на конфликтот во Украина, меѓутоа, според него, Киев самиот се откажува од Донбас, спроведувајќи целосна блокада на регионот во сферата на социјалните давачки, здравственото осигурување, исплатата на пензиите, одржувањето на инфраструктурата и слично.
„Русија како земја-гарант прави сѐ што е во нејзина моќ да влијае на страните во судирот“, изјави Песков.
Русија нема намера да го разгледува прашањето за Крим, затоа што статусот на полуостровот е апсолутно неспорен.
Кон крајот на минатата година ветераните на Антитерористичката операција кои војуваа во состав на доброволечките баталјони на Украина објавија трговска блокада на Донбас. МНР Русија го повика Киев да не го дозволи тоа, пишува „Взгљад“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче