Меккејн ја смета Русија за главен фактор на Блискиот Исток

Русија стана главен фактор на Блискиот Исток благодарение на Владимир Путин, изјави американскиот сенатот Џон Меккејн.

Претседателот Владимир Путин ја направи Русија водечки фактор на Блискиот Исток, изјави во програмата на телевизијата Ем-Ес-Ен-Би-Си сенаторот од редовите на Републиканската партија на САД Џон Меккејн.

Според него, рускиот лидер „го постигна посакуваното на многу умен начин, без оглед на лошите карти во раце“, пренесува РИА „Новости“.

Меккејн исто така додаде дека САД мораат да се задоволат само со поканата за преговори за решавање на проблемот во Сирија кои ќе се одржат во Астана на 23 јануари.

„Нема ништо подемонстративно од тоа што Русите, Иранците и Турците ги покануваат САД да учествуваат на мировната конференција. САД не се на чело на тоа, САД дури и не се дел од тоа, тие се поканети. До што дојдовме“, изјави сенаторот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.