Лавров: расте бројот на обиди за врбување на руски дипломати во САД

Во април 2016 година американските специјални служби се обидоа да врбуваат советник во руската амбасада во Вашингтон, според нивото тоа е втор човек во амбасадата, нешто што е без преседан, изјави рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров на прес-конференцијата за резултатите на работата на МНР РФ.

Лавров, исто така, соопшти дека на уште еден руски дипломат - исто така, висок дипломат – „американските специјални служби, обидувајќи се да му предложат врбување, му подметнаа во неговиот автомобил 10 илјади долари со предлог соработка“, пренесува „Взгљад“.

Министерот истакна дека парите „беа искористени од нашето сметководство“ и сега „работат за доброто на руската држава“.

Лавров истакна дека непријателските активности во однос на руските дипломати особено ескалираа за време на вториот мандат на претседателот на САД Барак Обама.

Министерот за надворешни работи на Русија истакна дека за време на администрацијата на Обама Москва добивала поплаки дека американската амбасада во Москва „работи во неподносливи услови, се организира следење, на амбасадорот му го прекинаа кислородот, не го прима ниту една руска институција“.

Според Лавров, МНР РФ ја провери таа ситуација – „се покажа  апсолутно спротивното“. Тој рече дека Русија ги анализирала контактите на рускиот амбасадор како одговор на неговото барање и за истиот период проверила какви контакти имал амбасадорот на САД во руските официјални институции.

„Десет пати повеќе руските министерства, институциите, пратениците го примиле американскиот амбасадор отколку што  Американците го примаат амбасадорот на Русија“, додаде Лавров.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња