Дакар 2017: Французин спаси изнемоштена Русинка

На 11 етапа од релито Дакар, руската спортистка Анастасија Нифонтова се најде во тешка ситуација: откако падна на еден од песочните кривини, таа не успеа поради замор да го подигне мотоциклот. На помош ѝ дојде францускиот ривал.

Прочуената француска галантност во акција: мотоциклистот Грегори Морат беше единствениот кој запре и ѝ помогна на изнемоштената Русинка Анастасија Нифонтова да го подигне мотоциклот на релито „Дакар 2017“ и да се врати во трката.

Гестот на Французинот го сними операторот на еден од телевизиските канали. Анастасија, исцрпена, со солзи во очите бараше помош, меѓутоа на претставниците на медиумите им е забрането да се мешаат во трката.

Покрај очајната спортистка поминуваа тркачи, но единствено Морат запре, го подигна мотоциклот, пријателски ја потчукна девојката по рамо и продолжи по својот пат.

На крајот на 11. етапа на релито Нифонтова се искачи на 75-то место во генералниот пласман и го освои второто место во генералниот пласман кај жените.

Релито „Дакар“ заврши на 14 јануари. Првпат во речиси четириесетгодишната историја на натпреварот, претставниците на Русија победија во две категории: кај квадовите победи Сергеј Карјакин, а во класата на камиони Едуард Николаев стана двократен победник на релито.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.