Новинарите побараа портпаролот Ернест да ја коментира изјавата на претседателот на Русија Владимир Путин дека оние кои во САД се занимаваат со фалсификување на фактите се полоши од проститутки.
Како одговор на тоа Ернест, кој го одржа последниот редовен брифинг, изјави дека на членовите на разузнавачката заедница на САД „не им е првпат да кажуваат неудобни работи по повод Русија“.
„Овде постои мошне јасна дистинкција. Од една страна се членовите на американското разузнавање, како и демократите и републиканците во Конгресот на САД, загрижени поради методите со кои Русите се стремат да ја стават во прашање нашата демократија. На другата страна се „ВикиЛикс“ и Русите. А на новата администрација ќе мора да ја дефинира својата позиција“, изјави тој, пренесува РИА „Новости“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче