Захарова: САД се обидоа да врбуваат руски дипломат

Портпаролот на МНР РФ Марија Захарова раскажа за еден обид на американските служби за уцена и врбување на руски дипломат кој купил лек за поранешниот премиер на Русија Евгениј Примаков.

Специјалните служби на САД се обидоа да врбуваат руски дипломат кога тој купуваше лекови за поранешниот премиер на Русија Евгениј Примаков, изјави портпаролот на МНР РФ Марија Захарова во неделата во програмата на телевизијата „Русија 1“.

Според неа, за лекувањето на Примаков биле најдени лекови кои се продаваат во САД. На еден од руските дипломати му било порачано да го купи лекот, и од Русија биле испратени пари во износ од околу десет илјади долари кои биле собрани од пријателите и семејството на Примаков.

Захарова потенцира дека сите формалности биле запазени, сите потврди и рецепти биле доставени. Но, кога дипломатот отишол во аптека, му пристапиле припадници на американските специјални служби, го однеле во подрумот на продавницата каде што немало сигнал за мобилна телефонија и еден час разговарале со него.

„Тоа за што зборуваа со него, повеќе наликува на обид за врбување отколку на некаков адекватен разговор“, потенцира Захарова.

Таа раскажа дека се обиделе да го „заплашат“ дипломатот, обвинувајќи го за незаконски промет со медикаменти. Потоа му го одзеле лекот на дипломатот, а парите не му ги вратиле, истакна Захарова.

Портпаролот на МНР РФ исто така раскажа дека државниот секретар на САД Џон Кери ја нарекол ситуацијата за недопустлива и Стејт департментот „стори сѐ што е можно тој лек да биде доставен“ во Русија.

„За жал, помина многу време. Времето беше загубено“, потенцира Захарова.

Без оглед на интервенцијата на Кери, подоцна рускиот дипломат морал да ги напушти САД, пренесува РИА „Новости“.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.