Трамп за можното укинување на санкциите против Русија

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп смета дека можат да се укинат антируските санцкии ако постигне нуклеарен договор со Путин.

Новоизбраниот претседател на САД Доналд Трамп допушта можност за договор со Русија за намалување на нуклеарното оружје во замена за укинување на американските санкции. Ова тој го изјави во интервју за лондонски „Тајмс“ и германски „Билт“.

„Луѓето треба да се договараат и да го прават она што треба да го прават за да бидеме фер“, изјави Трамп за новинарите.

„Ги имаме санкциите против Русија – ајде да видиме дали ќе успееме да направиме со Русија добри зделки. На пример, мислам дека треба да има нуклеарно оружје помалку, потребно е многу значително да го намалиме. Тоа е еден дел. А тука се и санкциите од кои Русија во моментов тешко страда. И си мислам, овде може да излезе нешто од кое многумина ќе добијат“, истакна тој.

Трамп изјави за можноста за договор за намалување на нуклеарното оружје со рускиот претседател Путин во замена за укинување на санкциите на САД“, резимира „Тајмс“. 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.