Руски научници создадоа наночестички кои уништуваат рак

Наночесточкоте ефикасно ги уништуваат клетките на ракот и минимално дејствуваат врз здравото ткиво.

Биолози и хемичари од Русија и Финска создадоа нов вид на наночестички кои можат да се наполнат со хемотерапија и да се користат за пренос на токсичните супстанции во внатрешноста на туморот, се вели во трудот објавен во списанието Journal of Controlled Release.

„Во клеточната култура воведувавме наночестички со препарат против развој на тумори, по што наночестичките ги изложувавме на електромагнетно или инфрацрвено зрачење. Во такви услови температурата на примероците растеше, полимерната покривка се собираше и испушташе активна материја од порите“, објаснува Андреј Кудрјавцев од Институтот за теоретска и експериментална биофизика на Руската академија на науките во Пушчино.

Во текот на изминатите неколку години, научниците создадоа во принцип неколку нови методи за лекување на рак, кои се базираат на различни органски и неоргански наночестички. Во некои случаи, самите наночестички служеа како средство за отстранување на тумори, дејствувајќи како еден вид на „цел“ на која се насочуваат или имуни клетки или ласерско зрачење кое ги загрева честичките и ги гори клетките.

Во други случаи, како што велат Кудрјавцев и неговите колеги, наночестичките се појавуваат само како средство за пренесување на опасни молекули до туморот, што го ограничува нивното дејство и овозможува да се намалат дозите кои се потребни за целосно да се уништат клетките на ракот. Како такви наночестичките може да се користат различни органски структури кои имитираат клетки, или неоргански соединенија кои се невидливи за имунолошкиот систем.

Кудрјавцев и и неговите колеги ги комбинираа добрите страни на двата пристапи и создадоа наночестички од силициум. Тие можат да се полнат со било каков материјал и се изолираат од надворешниот свет, благодарение на што молекулите на хемотерапијата нема да ги убијат здравите клетки, ткива и органи.

Овие наночестички, како што објаснуваат научниците, функционираат благодарение на една интересна способност на туморот – да го собира сето „ѓубре“ кое постои во телото. Покрај тоа, температурата внатре во туморот е обично значително повисока од нормалната, што го прави лесен за локализирање.

Водени од овие идеи, руските истражувачи и нивните фински колеги создадоа наночестички кои ја одржуваат стабилноста само на одредени температури. За таа цел, наночестичките се покриени со специјален полимер чувствителен на температурни разлики, кој се шири на температура повисока од 37 степени Целзиусови и овозможува наночестичката да ја излачи својата содржина.

Благодарение на оваа заштита содржината на наночестичките останува сигурно затворена сѐ додека не стигнат во на туморот и научниците не ги изложат на ласерско зрачење. Како што покажаа експериментите врз глувци, во чии тела беа имплантирани култури на клетки на рак на белите дробови, ваквите наночестички навистина ефикасно ги уништуваат клетките на ракот и минимално влијаат врз здравото ткиво, пренесува РИА „Новости“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.