Медиум: британската флота повторно ќе го придружува „Адмирал Кузнецов“

Според британскиот адмирал Филип Џонс, воената морнарица на неговата земја си има работа со највисокиот степен на активност на руските подморници и воени бродови од завршувањето на „студената војна“.

Руската флота е најсериозниот проблем за Обединетото Кралство во последните  25 години, пишува „Телеграф“ повикувајќи се на адмиралот Филип Џонс.

Според зборовите на адмиралот, воената морнарица на неговата земја си има работа со највисокиот степен на активност на руските подморници и воени бродови од завршувањето на „студената војна“.

„Во Северна Европа и Балтикот станавме сведоци на активирање на руската воено-поморска активност на нејзино највисоко ниво по „студената војна“, изјави Џонс во новогодишното обраќање до припадниците на морнарицата.

Изданието истакнува дека овие изјави доаѓаат по одлуката британските воени бродови повторно да го придружуваат рускиот носач на авиони „Адмирал Кузнецов“ во своите територијални води додека носачот на авиони се враќа од Сирија.

Една фрегата и еден разурнувач на Военамта морнарица на Велика Британија се во состојба на полна борбена готовност за придружување на рускиот носач на авиони кога ќе поминува покрај бреговите на Велика Британија неделава.

Притоа извори во британската Воена морнарица истакнуваат дека повеќе ги вознемирува порастот на бројот на руските подморници кои пловат во водите северно од Шкотска. Бродовите на Велика Британија, поддржувани од НАТО, „си играат мачка и глушец“, обидувајќи се да ги идентификуваат сите руски подморници кои се наоѓаат во близина на британските територијални води, пренесува „Газета.ру“.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.