Расте бројот на обиди за хакирање на информатичките системи на Русија

Секретарот на Советот за безбедност на Русија Николај Патрушев изјави дека во последно време се бележи значителен пораст на бројот за нанесување штета на руските информатички системи од страна на надворешни сили.

„Тоа се и случаи на хакерство и несанкционирано прибирање на лични податоци. Широко се користат светските оператори и провајдери, а методите на примена постојано еволуираат“, изјави Патрушев во интервју за „Росијскаја газета“.

Исто така, тој истакна дека администрацијата на Барак Обама ја обвинува Русија за хакерски напади, игнорирајќи го фактот дека главните интернет-сервери се наоѓаат на територијата на САД и се користат од страна на Вашингтон за разузнавачки и други цели, насочени кон задржување на нивната доминација во светот.

Секретарот на Советот за безбедност на РФ додаде дека на меѓународна свена стратешка цел на Русија е формирањето систем кој би се базирал на оптоприфатени правила за одговорно однесување на државите во информатичкиот простор.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња