Патрушев: Некои држави ги поддржуваат терористите

На пример, некои земји и големи компании купуваат нафта од бунтовниците и им плаќаат за можноста за транспорт на стока на територијата контролирана од страна на терористите, изјави секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај Патрушев.

Русија постојано добива нови докази како потврда на соработката на терористите како со некои држави, така и со влијателни странски компании, изјави секретарот на Советот за безбедност на РФ Николај Патрушев.

„Се работи за откуп на нафта и други видови суровини од терористите, како и за исплата на паричен надомест за добиени дозволи за производство и транспорт на стоки на териториите кои тие ги контролираат“, изјави Патрушев во интервју „Росијскаја газета“.

Според него, „да се пресече таквата пракса е задача на сите без исклучок земји, кои изјавуваат дека му се спротивставуваат на тероризмот“.

Зборувајќи за тоа колку е ефикасна соработката на Русија со другите држави во борбата против меѓународниот тероризам, секретарот на Советот за безбедност на РФ истакна дека во прв ред е постигнат успех во интензивирањето на работата во Советот за безбедност на ОН.

„Русија придонесе за донесување важни резолуции насочени кон борба со ИДИЛ и другите терористички организации, како и против финансирањето тероризам“, додаде Патрушев.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња